--> -->
-->
Насловна / Архитектура / BIG го обвива природо-научниот музеј во Унгарија со природа

BIG го обвива природо-научниот музеј во Унгарија со природа

BIG го претстави проектот за новиот унгарски природонаучен музеј во Дебрецин, вториот по големина град во Унгарија. Музејот ќе има испреплетени уредени ленти, проектирани како нова јавна и научна дестинација.

Сместен во старата Голема шума во северниот дел на градот, музејот од 23.000 квадратни метри содржи три испреплетени уредени ленти кои се издигнуваат во шумата за да создадат нов јавен и научен центар.

Новиот унгарски природо-научен музеј, сместен на некогашно спортско игралиште на работ на Големата шума во Дебрецин проектиран е во соработка со Vikár és Lukács Építés Studió, Museum Studio и TYPSA.

Музејот ќе го заземе местото на сегашната институција во Будимпешта, помагајќи и на влатада во целта да го направи Дебрецин главен регионален центар за образование и култура до 2030 година.

Новиот музеј, нарачан од Музејот и Министерството за култура и иновации, ќе има постојани и привремени изложбени сали, образовни и истражувачки капацитети, јавни содржини и простори зад сцената.

„Историјата на природата ми е драга тема – толку драга што го нареков најстариот син Дарвин. Голема чест ми е што ми е доверено авторството на унгарскиот природо-научен музеј во Големата шума во Дебрецин“, рече Бјарке Ингелс, основач и креативен директор, BIG.

„Нашиот проект е замислен како пресек на патеки и линии. Пресечните ленти од пејзаж се преклопуваат за да создадат низа ниши и живеалишта, сали и галерии, спојувајќи ги внатрешното и надворешното, интимното и мастодонтското во беспрекорен континуитет. Резултатот е вештачки рид направен од човек на шумска чистина; геометриски јасен, но нежно органски – соодветен дом за чудата на природниот свет“, додаде Ингелс.

Три преклопувачки волумена кои се креваат и пспуштаат со пејзажот го дефинираат новиот музеј. Музејот, со масивна дрвена сконструкција и фасада од јагленисано дрво, е делумно вкопан во земја.

Се искачува од теренот на шумата за визуелно да се спои со околината на паркот, додека неговиот кос покрив ја повикува јавноста на пристап и пружа панорамски поглед на градот.

„Го замисливме унгарскиот природо-научен музеј како интегрален дел од неговата околина, обликуван од пејзажот околу него. Изградена од масивно дрво, зградата се одликува со фасада од јагленосани дрвени панели од локално потекло што излегуваат од земја, замаглувајќи ги границите помеѓу архитектурата и дивината“, рече Хана Јохансон, партнер во BIG.

„Музејот се базира на топлинската маса на земјата и интегрира енергетски системи на самото место, вклучувајќи геотермални пумпи и фотоволтаични панели, за да се обезбеди стабилна внатрешна клима во текот на целата година. Наместо едноставно да ја зачува локацијата, зградата ја обновува и подобрува – регенерирајќи го биодиверзитетот додека тивко се прилагодува на својата околина“,  додаде Јохансон.

Посетителите кои се приближуваат од која било насока ги пречекуваат отворени плоштади, кривулести шумски патеки и врамени погледи на и низ зградата. Музејот е проектиран да биде достапен од сите страни, непречено интегрирајќи го и во урбаниот пејзаж и во околната природна средина.

Доживувањето при пристигнувањето е нагласено со пространиот јужен плоштад, кој служи како место за собирање на заедницата и е домаќин на различни музејски активности.

Приемната сала служи како централна точка, обезбедувајќи поглед кон околните изложбени крила – пет за постојани галерии и едно за привремени изложби и јавни програми, распоредени во радијален распоред.

Погоре, библиотека и ресторан обезбедуваат поглед на крошните на шумата, додека долу, центар за учење содржи работилници, простори за игра и истражувачки лаборатории за студенти, семејства и персонал.

Музејот, кој е делумно скриен со теренот, го минимизира својот отпечаток. Зелените покриви, кои се засадени со автохтони видови, се спуштаат и пружаат живеалишта за локалната флора и фауна, додека визуелно го прошируваат паркот над музејот.

Локалитетот и зградата вклучуваат вегетација, обезбедувајќи простори за јавен одмор и собири во текот на целата година.

Испрати коментар

Scroll To Top