Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на Македонската Архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес, а како резултат на тоа и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на Македонската Архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14. до 30. септември, 2023 година, во НУ “Национална Галерија – Мала Станица“ и во “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.
Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти, државјани на Република Северна Македонија и правни лица ‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Северна Македонија. Вон конкуренција, можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Република Северна Македонија.
Рок за пријавување на трудовите е до 07.06.2023 година. Сите заинтересирани за учество кои ги исполнуваат критериумите, може да добијат пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата по електронска пошта: [email protected] или на www.facebook.com/arhitekti.mk.
Повеќе информации во однос на повикот, процедурите и начинот на селекција на трудови, може да бидат пронајдени во рамки на Јавниот Повик, достапен на www.facebook.com/arhitekti.mk.