По стапките на Њујорк тргна и Париз. Библиотеките на Париз и Здружението ЧИТАЈ одлучија да одат на отворено, во најубавите јавни градини и зелени површини на главниот град во текот на летото. Речиси 50 паркови и пружија добредојде во јули и август на оваа бесплатна иницијатива. Добар начин да се одговори на жештините.
Библиотекарите ќе бидат присутни во парковите, ќе помагаат во изборот на книги, и ќе се грижат секоја книга да стигне до читателот за најкратко можно време. Нема поубаво доживување од одмор во сенка со омилената книга.