Новата централна библиотека во Халифакс во Канада има отворен дизајн, кој ја одразува разновидната популација и наследство во градот. Објектот претставува катализатор за регенерација на централното градско подрачје, а исто така и простор кој служи за создавање на јавни процеси во кои се вклучуваат месечни јавни консултации и работилници со различни фокусни групи.
Библиотеката претставува структура која се развива во 5 спрата, со површина од 11,000 квадратни метри и овозможува де се сместува поголем капацитет на книги (50 отсто) за разлика од поранешната библиотека (Spring Garden Memorial Library).
Главното лоби и колекциите за деца се концентрирани на долните спратови, додека поголемиот дел од горните спратови се назначени како тивки простории. Кровната тераса со клупи за седење нуди одличен поглед кон центарот на градот и кон пристаништето на Халифакс.
Овој врвен пример на библиотека е дело на тимот архитекти составен од: Schmidt Hammer Lassen + Fowler Bauld & Mitchell.