Насловна / Архитектура / Библиотеката на Милан Кундера во Брно

Библиотеката на Милан Кундера во Брно

Милан Кундера повеќе не е меѓу нас. Светски познатиот чешки писател и автор на познатиот роман „Неподносливата леснотија на постоењето“, објавен пред речиси четири децении, почина на 11. јули во Париз на 94-годишна возраст.

Оваа вест првa ја објави Моравската регионална библиотека, институцијата во која славниот автор во април годинава одлучи да ја пренесе својата лична архива, која се состои од речиси 4.000 книги и 25 кутии со рачно напишани белешки.

m1

Донацијата послужила како основа за формирање на Библиотеката на Милан Кундера, која е дел од Моравската библиотека во Брно. Овој чешки град е избран да се грижи за важното наследство бидејќи Кундера таму е и роден во 1929. година.

mm

Библиотека во библиотека

Библиотеката на Милан Кундера во Брно официјално е отворена на 1. април 2023. година, по повод 94-тиот роденден на писателот. Неговата донацијата и на неговата сопруга се состоела од над 3.000 публикации, дополнети со книжевни критики, слики и лична кореспонденција на светски познатиот писател со, на пример, Федерико Фелини.

mo

Архитектонскиот проект за Библиотеката на Милан Кундера е потпишан од локалната фирма Hrdina & Pavlík во соработка со продукт менаџерот Томаш Ковалчик, а пофален е, меѓу другото, и од г-ѓа Вера Кундерова, која не само што ја дала идејата за формирање на библиотеката, туку е и личноста која – со исклучителна посветеност и трудољубивост – помогнала во составувањето и подготовката на збирката.

m8

Оваа своевидна „библиотека во библиотека“ е наменет пред се за студенти, истражувачи и книжевни критичари, а колекцијата е достапна за позајмување само во просториите на библиотеката.

m5

Збирката е дополнета со компјутери кои содржат аудио верзии на делата на Милан Кундера на чешки, англиски, француски и германски јазик, со дополнителен хардвер за проучување на дигитализирани дела (особено списи со сопствени корекции на авторот), како и целиот архивски материјал кој моментално е достапен.

m4

Посетителите на библиотеката исто така добиваат пристап и до специјална мапа која покажува како делата на Кундера се објавувани ширум светот.

Покрај единствениот книжевен материјал, библиотеката е и институција со своја културна програма, фокусирајќи се и на книжевни и на општествени теми.

m6

„Програмата има за цел да инспирира размислување и критички поглед на нашата сегашност, исто како што нè предизвикуваат романите и есеите на Кундера“, наведува порталот GoToBrno.

Во соработка меѓу Моравската регионална библиотека и градот Брно, во Библиотеката на Милан Кундера направено е спомен-место со книга на жалост, каде што луѓето можат да дојдат да му оддадат последна почит на големиот творец.

m3

Локацијата резервиран уште во 1930-тите

Самата Моравска регионална библиотека сместена е во академскиот кварт на Брно, во близина на пет универзитетски факултети. Нејзината локација во улицата Куникова била резервирана за библиотеката уште во 1930-тите, а архитектите Бохуслав Фучс и Јиржи Кроха во своите проекти сметале на тоа.

m9ннн

Во 1994 година, ректорите на сите локални универзитети се сложиле дека на Брно и на неговите студенти, научници и универзитетски персонал очајно им е потребна нова библиотека.

Меѓу проектите поднесени од 34 архитектонски бироа, меѓународната комисија го избрала проектот на архитектите Томаш Адамек и Петар Бенедикт и членовите на студиото за ентериер Онекс.

mmm

Било важно функциите и секојдневната употреба на објектот да се рефлектираат во неговиот екстериер, па затоа зградата е поделена на четири основни елементи, од кои секој содржи посебен, компактен дел.

Неговите две кули содржат простори за складирање и претставуваат неуништлив извор од кој информациите течат во неколку текови; овие струи се кривулести, бидејќи патот до знаењето никогаш не е праволиниски.

Канцелариите се наоѓаат во неговото јужно крило, централниот дел е зоната на комуникација и релаксација, а во северното крило се работните простории.

m7

Испрати коментар

Scroll To Top