Насловна / Архитектура / Библиотека во Сиднеј закопана во земја

Библиотека во Сиднеј закопана во земја

Новата зграда на градската библиотека во Сиднеј содржи иновативни функциии кои и овозможуваат максимална одржливост и со тоа значајно се намалуваат месечните сметки.

Според проектот на архитект Stewart Hollensteina од студиото Stewart Architekture, во индустриската област на овој град била изградена библиотека на мочурливо тло, која, изненадувачки, се вика Зелениот плоштад.

biblioteka-u-sidneju-11

Интересно е што архитектот одлучил добар дел од библиотеката да закопа во тлото, додека на површината има два стаклени крака кои практично ги информираат соседите дека на ова место постои објект на кој треба да му се посвети внимание. Благодарение на оваа одлука, областа на јавниот плоштад пред Библиотеката е проширена на цели 8.000 квадратни метри.

Предметите над површината на земјата се целосно обложени со стакло, со една пирамидална и друга квадратна форма. Вкупната површина на библиотеката (која ги вклучува и надземните објекти и просториите под земја) зафаќа 3.000 квадратни метри.

biblioteka-u-sidneju-1-782x468

Сепак, најинтересен дел од овој проект се овалните отвори во земјата, благодарение на што сите простории под земја имаат природен извор на светлина. Тие, исто така, им овозможуваат на минувачите да дознаат што се случува во невообичаените подземни читални, што го прави проектот најинтересен наутро.

biblioteka-u-sidneju-4-782x468

Друга голема читална се наоѓа во стаклената пирамида во рамките на Библиотеката, каде што има лабораторија, потоа музичка соба, камерна сцена и сала за одржување на разни јавни културни настани. Други делови од Библиотеката и административните простории се наоѓаат во „правоаголната” зграда на другата страна на плоштадот.

biblioteka-u-sidneju-6-782x468

Вентилациската мрежа на објектот е развиен од страна на Arup, на многу невообичаен начин. Имено, во некои делови од зградата, вентилацијата е интегрирана во полици за книги, а избраниот систем овозможува подобар квалитет на воздухот и поголема ефикасност на ладењето, а со тоа и намалување на потрошувачката на енергија.

biblioteka-u-sidneju-7

Друг одржлив аспект на проектот, исто така, се рефлектира во дизајнот на плоштадот. Имено овалните отвори се дизајнирани да ја собираат дождовница за да се користи повторно во самата библиотека.

biblioteka-u-sidneju-8

biblioteka-u-sidneju-10-782x468

biblioteka-u-sidneju-3-782x468

biblioteka-u-sidneju-12-782x468

Испрати коментар

Scroll To Top