Осум години после разорните земјотреси кои го опустошија градот Крајстчерч, по проект на данската архитектонска фирма Schmidt Hammer Lassen Arhitects изградена е библиотека како еден од деветте клучни проекти кои се дел од планот за ревитализација на градот познат по културата, уметноста и преубавата природа. Новата градска библиотека претставува симбол на надеж, заедништво и повторно раѓање, а и нејзиниот концепт на проектот е заснован на отпорност и одржливост. Оваа зграда е проектирана така што може да им се спротивстави на многу јаки земјотреси. Новата градска библиотека која со своите пет ката зазема површина од 9.500 квадратни метри е градена така што е осигурана од идни разорни земјотреси.
Инженери од фирмата Lewis Bradford Consulting имаат развиено високоотпорен сеизмички систем кој е комбинација од масивни бетонски ѕидови и челични кабли кои овозможуваат да во текот на потресот ѕидовите да се занишаат и потоа повторно да се вратат во првобитната состојба што пак ја смирува амплитудата на сеизмичките сили. Секој ѕид за темелите е анкеруван со пренапрегнати кабли со сила од 1.000 тони. Овој механизам дава гаранција дека објектот ќе има минимални оштетувања, дури и при јаки земјотреси.
Според самиот дизајн на библиотеката, таа го одликува културното наследство на градот, како и на локалните маори. Обликот на фасадата, како и уметничкото дело на надворешниот плик се украсени со локални мотиви и се посветени на раѓањето на новото време и посветла иднина.
Во соработка со унгарските здруженија, архитектите му оддале почит на народот Маори преку градежни материјали, но и преку внатрешната организација и обликот на објектот. Така, терасите на библиотеката се насочени кон знаменитоститена Маорите, како што се планините Grey и Hawaiki.