Канадското архитектонско биро RSAAW ја обнови куќата од средината на векот во Ванкувер за да вклучи библиотека со двојна висина, бели ентериери и куќа на дрво во градината.
Проектот, наречен Berkley House, е двокатна куќа со темна фасада опкружена со дрвја во северен Ванкувер.
Локалното проектантско биро RSAAW ја трансформираше семејната куќа во светол и транспарентен простор со поврзување на нејзините, претходно одделени, две нивоа и внатрешноста слична на галерија ја обоилe во бела боја.
Косиот кров има големи кровни прозорци кои го нагласуваат средишниот атриумски простор на отвореното приземје. Пред реновирањето, ова ниво било помошен простор.
„Семејните простори беа донекаде затворени, со минимална природна светлина во клучните области“, велат архитектите од RSAAW.
Поврзаните нивоа на Berkley House се закотвени во библиотека со двојна висина, формирана од наредени кутии од светло дрво. Дрвената полица за книги е вградена во скалишното јадро поврзувајќи ги нивоата.
„Чувството на простор во домот дополнително е зголемено со сводни тавани на целиот главен кат“, велат архитектите и додаваат: „Со поставување на големи стаклени површини се пружа поглед на зеленилото во градината и пошироко, исполнувајќи го домот со светлина, дури и во текот на облачни денови“.
Циркулацијата на пониското ниво исто така е подобрена со претворање на поранешна механичка просторија во ходник со дискретен простор за складирање, што е во контраст со отворениот простор за живеење покрај него.
Претходно недостапниот тавански простор, претворен е во пријатна детска соба за игри, со разнобоен тепих кој одекнува во лентите од боено дрво, кои го означуваат влезот во куќичката на дрво надвор.
Изградена околу висока ела Даглас, куќата на дрво се претопува со околина, внесувајќи разиграност во инаку минималниот дом.