Ако го посетите местото Магдебург во Германија ќе се воодушевите од библиотеката што е целосно отворена. Вкупната површина на која е поставена библиотеката изнесува 488 м2. Овој проект започнал во 2005 година кога жителите на напуштениот дел од јужна Германија, користејќи дрвени контејнери и донирани книги се обидувале да ја создадат библиотеката. Подоцна, тие го ангажирале архитектонското студио KARO Architekten, кое добива задача да го проектира новиот изглед на отоврената библиотека.
Со поставувањето на библиотеката, напуштениот индустриски пејзаж е надополнет со урбана опрема изработена од парчиња од модернистичката фасада на стар магацин во градот.
Современиот надворешен амбиент на библиотеката е отворен за секој посетител без негова претходна регистрација. Тие може да позајмат книга или пак да донесат некоја друга во замена, и истовремено можат да уживаат во овој отворен простор.
Библиотеката е отворена 24 часа на ден и освен за повремени посетители служи како место за јавни собири, јавни читања, место за одржување концерти на локални бендови и разновидни културни настани.
Основното училиште во градот ја користи библиотеката за одржување на театарски претстави, а секој член на заедницата може да земе активно учество во нив.