Павилјонот „BookWorm“ има за цел да поттикне учење преку создавање интерактивен простор за читање. Проектантското биро NUDES од Индија ја користи архитектурата за да го реши проблемот со неписменоста во нивната земја. Проектот е во брановидна форма, а павилјонот кој е подигната во еден парк во Мумбај, осмислен е да создаде интерактивен простор за учење.
Главниот концепт на интервенцијата е да ги охрабри децата да уживаат во читањето, во согласност со целта на ООН за одржлив развој за „сите млади и значителен дел од возрасните, мажи и жени, да се описменат до 2030 година“.
Димензиите на павилјонот се 120 метри должина и ширина 40 метри. Брановидниот павилјон е низок и кривулест, со што архитектите сакале да создадат простор кој че посака добредојде, различен од библиотеки или институционални објекти кои може да ги заплашат малите деца. Интервенцијата вклучува простори за седење и раскажување приказни и може да прими 12 илјади книги, кои ги донирале повеќе школи од граддот. Накртатко, оваа интервенција во зеленило има намера читањето да го направи забавно, повикувајќи ги децата истовремено да учат и истражуваат.
Павилјонот кривулесто се движи низ пејзажот за да понуди уникатно искуство во прелистувањето книги движејќи се по патеката.
Со идеја да ја шири пораката за „напредок преку образование“, NUDES ја проектирал оваа библиотека за да патува низ Индија, како во руралните така и во урбаните области. Структурата е изградена со употреба на 3600 модуларни префабрикувани компоненти, што значи дека може лесно да се демонтира, транспортира и повторно да се составува на различни места. Павилјонот може да се склопи на лице место за една недела. Павилјонот бил сместен во Мумбај до декември 2019. година, а потоа го продолжил своето патување низ цела Индија.