Би-би-си со години произведува серии кои ги одбележаа многу генерации, а сега одлучиле да им дадат на своите најпознати ликови и дел од просторот во реалниот свет.
Така, непредвидливиот Шерлок, познатиот Топ Гир и снаодливиот Доктор Ху, наскоро може да бидат дел од реалноста во високо-технолошкиот парк во Лондон.
Би-би-си планира да ја отвори вратата на својот парк и љубителите на овие култни серии да ги запознаат со начинот на снимања и да ги прикажат малите градови каде што се снимани сериите.
Во соработка со Paramount Pictures, Би-би-си сака да отвори паркови и во другите градови во Велика Британија.