Рака на срце, Уганда нема некоја автомобилска традиција, но затоа има сонце во изобилство. Така неколку инженери создале електричен автомобил од кој и самиот претседател бил воодушевен, па веќе гради фабрика за автомобили. Сè уште и самите имаат многу непознаници околу тоа како на крај возилото ќе изгледа и функционира.
Сепак, тимот го раководи вистински експерт. Мусасизи е инженер и доцент на тамошниот универзитет, но пред сè тој е човек со визија. Пред четири години тој заедно со своите студенти го создал првиот електричен автомобил во Уганда но и на истокот на Африка. За почеток, се работело за мал двосед. Но, некако успеал со својата работа да го запознае и претседателот. Се очекува споменататa фабрика на површина од 100 хектари да вработи 5.000 луѓе, и веќе во 2018-та да го почне своето производство. Моделот што ќе влезе во сериско производство сè уште се подобрува.