Line е нов хотел во Лос Анџелес настанат како соработка на Sydell Grupe со Roy Choi, Sean Knibb и Houston Brothers. Во 1964 година како проект го дизајнирале архитектите Daniel Mann Johnson и Mandelahall, и се наоѓа во Корејски кварт каде што доминираат згради од тули изградени пред 1940 година, и коишто го оживуваат колонијалниот стил.
За овој кварт е типично дека е активен 24 часа на ден, и тоа благодарение на високата концентрација на ресторани и барови кои се отворени во секое време во јужна Калифорнија. Хотелот се наоѓа во Лос Анџелес на Wilshire Boulevard, помеѓу Beverly Hills, Downtown и Hollywood. Одлично е позициониран за разгледување на градските знаменитости и на невообичаениот кварт во кој се наоѓа.
Во модерниот ентериер на хотелот, дизајнерот Sean Knibb внесе свежина и елементи од локалното влијание. Секоја соба е опремена со внимателно одбрани и по мера дизајнирани парчиња мебел од студиото Knibb и со разни уметнички предмети. Хотелот располага со врвен ресторан и бар, и наскоро според пишувањата, ќе отвори и мала продавница со уметнички дела и дизајнирани предмети.