Баварскиот дизајнер Стефан Гант успеа да го скроти нескротивото! Од бетонот, за кој сите знаеме дека изгледа грубо, со многу едноставен трик, овој дизајнер направи елегантни лустери. Всушност, тој нивната внатрешност ја обоил во златна, сребрена и бронзена боја, кои не само што даваат луксузна нота на осветлување, но исто така ја скротил и бетонската основа.
Благодарение на внатрешната боја, светлината што ја фрла лустерот изгледа топло, а со тоа и целиот ентериер во кој се наоѓа.
Секој лустерот е направен рачно од бетон со специјална рецептура која дозволува такви тенки профили.
Цената на лустерите се движи од 200 евра и нагоре.
Ова, се разбира, не е прво осветлување направено од бетон.