Германскиот дизајнер Christoph Pesch од студиото Pesch Concrete Design ја освои наградата Red Dot Award за најдобар индустриски дизајн во 2018. Наградата му е доделена за едноставен дизајн на полици направени од најраспространетиот градежен материјал – бетон.
Монтажните полици од бетонски коцки ја претркаа конкуренцијата од 6.300 предмети од 59 земји, а причината за тоа лежи во иновативните методи вклучени во дизајнот.
Бетонските коцки не се тешки, користен е лесен бетон. Сложување на бетонски коцки е тешка работа, но овде е олеснета благодарение на мудриот дизајн на оборени ивици, но и користење на лесен бетон. Изјавата на жирито потврдува дека токму тоа ги убедило дека овој дизајн е најдобар: „Добро осмислениот дизајн на овие полици импресионира со иновативно користење на бетонот, како и сестраноста на производот кои сведочат за добар дизајнерски квалитет“.
Од студиото Pesch Concrete Design велат: „Како современ градежен материјал, бетонот го обликува нашиот свет. Бетонот е израз на современоста и преовладува особено во архитектурата поради неговите извонредни својства. Бетон не е ништо друго освен глина, песок и вар. Тој е природен материјали што се истура и оживува, се будат во живот. Бетон е сив, во безброј нијанси. Тој е цврст, а сепак може да изгледа мек. Тој доаѓа напнат или во мек круг, изгледа топло или ладно. Неговата комбинација со дрво, челик или стакло му дава ново лице“.