Насловна / Архитектура / Бетонска зелена оаза во срцето на Бразил

Бетонска зелена оаза во срцето на Бразил

Ексклузивна викендица од бетон која е сместена во срцето на Бразил е всушност вистинска зелена оаза.
Минималистичкиот резиденцијален објект е удобно сместен во зеленило од сите страни вклучувајќи го и рамниот бетонски кров кој е всушност сосема обичен тревник.

1
Оваа куќа е дело на бразилското студио „МК 27“ кој го води архитектот Marcio Kogan. Архитектите кои го имат потпишано овој проект велат дека станува збор за радикална вежба во хоризонталноста, аспект во архитектурата кој најчесто се истражува во студиите. Овде станува збор за директно пренесување на теоријата во пракса и тоа на ретко добар начин.

2
Најимпресивен дел од оваа куќа е нејзиниот рамен кров кој е прав зелен тревник. Покривот во некои делови се навалува на столбови, а во остатокот лежи на ѕидови. Токму поради несекојдневното решение кровот претставува петта фасада на објектот, а тоа е причина најубавите фотографии од објектот да бидат направени од воздух.

3
Зелениот кров всушност не е единственото еколошко решение во објектот. Во него се наоѓаат и соларни панели, богата градина и природен базен.
Самата куќа е на површина од илјада метри квадратни која е поделена на две целини кои се свртени кон југ. Во првата целина се наоѓаат помошни простории како детска соба за играње, остави, кујна и просторија за вежбање. Втората целина е предвидена за опуштање и таму се наоѓаат пет спални соби.

4
Материјалите кои се вклучени во ентериерот се природни и тоа дрво и бетон. Големите дневни соби може целосно да се отворат кон градината благодарение на едноставните лизгачки врати, а тоа на целата куќа и овозможува да дише.

6
Делот од куќата во кој се наоѓаат спалните соби е ограден со брановиден ѕид од цигли кој во еден дел е конкавен, а во друг е конвексен. Обликот на ѕидот е во целосен контраст со правилната структура на главниот објект.

7
Интересен е и бочниот влез на куќата кој всушност претставува шуплина на ридот во близина на главната зграда. Од оваа страна исто така се наоѓаат и суптилни бетонски скали кои водат до базенот.

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top