Бетонот како материјал најчесто има груби рабови. Кога станува збор за бетонот, на памет ни паѓаат бетонските фасади на зградите, бетонските рабови на улиците и слично. Но, во поново време се повеќе и повеќе почнува натур бетонот да се употребува и во енериерите, најчесто во оние кои се дизајнирани во индустриски дизајн.
Ова е апартман во кој бетонот нема носива улуга, туку, тука е поставен за да создаде шик, градски и изглед на недовршеност на површините.
Навикнати сме да го гледаме грубиот натур бетон како шик елемент во модерните ентериери, но во овој стан бетонот е обработен и мазен. Освен тоа се јавуваат и елементи кои имаат бетонски фурнир. Бетонската ребреста меѓукатна конструкција претставува централен мотив кој е носител и на целата идеја за овој стан.