Насловна / Архитектура / Бетонска кутија – куќата Азума на Тадао Андо

Бетонска кутија – куќата Азума на Тадао Андо

Едно од најраните остварувања на самоукиот архитект Тадао Андо е куќата Азума во Сумијоши, Осака. Таа е поделена на простории наменети за секојдневен живот (поставени по строга геометрија), вметнувајќи апстрактен простор за игра на ветрот и светлината. Неговата цел била да се наметне прашањето за инертноста што се наметнала на човечките живеалишта.

1-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

Благодарејќи и на куќата Азума, Андо во 1976 година добил награда од Јапонската асоцијација на архитекти.

Куќата Азума заменува една од традиционалните куќи во областа изградена од дрво. Иако ова подрачје не е повеќе хаотично од градот, постои јасна разлика меѓу оваа „бетонска кутија“ и околните згради.

Изградена помеѓу медијаните, оваа куќа е сместена во парцела со 57,3 м2. Вкупниот габарит од 64,7 м2 е поделен на три еднакви делови од кои во двата се сместени станбените простории, додека во централната третина е сместен дворот.

2-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

Во приземјето се наоѓаат дневниот престој и кујната, одвоени со централно поставеното двориште и скалите што водат кон катот, каде се наоѓаат две спални соби споени преку пешачки мост. Средишното непокриено подрачје е единствен извор на природна светлина во целата куќа.

3-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

Двориштето, кое е средиште на секојдневниот живот во куќата, го одвојува дневниот престој, кој се наоѓа на едниот крај на куќата во приземјето, од кујната, трпезаријата и бањата, кои се наоѓаат на другиот крај. На катот, детската спална соба од едната страна е свртена кон родителската спална соба, а од другата кон централното двориште, и собите се поврзани со мост. Куќата кон улицата е обликувана со слепи и цврсти фасади. Единствениот отвор на фасадата е влезната врата.

Армираниот бетон од кој е изградена оваа куќа се јавува необработен и на фасадната површина, а единствената орнаментика е изведена со поставувањето на оплатата.

4-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

Куќата Азума на Тадао Андо претставува една модерна интерпретација на интровертните куќи од минатото. Оваа куќа интерпретирана преку натур бетон и стакло може да се вброи како едно од врвните архитектонски достигнувања на модерната архитектура во светки рамки. Просторот што го формира оваа куќа е целосно интровертен и некомуникативен со околината, со што степенот на интимност е доведен до максимум.

5-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

6-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

7-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

8-ketonska-kutija-kukata-azuma-na-tadao-ando

Испрати коментар

Scroll To Top