Насловна / Архитектура / Бетонска и дрвена куќа во државата Њујорк

Бетонска и дрвена куќа во државата Њујорк

Maria Milens Studio ги реинтерпретира локалните техники на градење со проект за куќа интегрирана во незагадена природа.

1
Даб, бреза и јавор растат високи и бујни во природниот резерват на Catskill Mountains, планини југоисточно од државата Њујорк. Со оглед на изобилството ресурси и потешкотиите за поврзување, дрвото е главниот материјал кој се користи за (ретки) градби во оваа област.

2

Заедничка карактеристика објекти изградени на ова подрачје е темел со бетонски sидови или употреба на столбови за да се подигне објектот и да се заштити дрвото од контакт со многу влажната земја.

3
Проектот за куќата на Maria Milens Studio е современа реинтерпретација на традиционалната архитектура, изградена е врз постојните темели со цел влијанието на новиот објект врз средина да се сведе на нула. Бетонот и различните видови на дрво се комбинираат за да создадат топло и пријатно опкружување и да ја усогласат човековата интервенција со неконтаминираниот природен пејзаж.

4

Screenshot_5
Традиционалниот облик на двоводен кров, исто така е реинтепретиран со тоа што волуменот на куќата е поделен на два дела со спротивни падови на косините. Отворите се главно ориентирани на оската исток-запад, со што куќата се штити од силни и ладни ветрови од северот и се олеснува вкрстената вентилација во летните месеци.

Screenshot_4

 

Screenshot_7

Screenshot_8

Испрати коментар

Scroll To Top