Градежната компанија „Бетон“ АД Скопје во првите девет месеци од годината има позитивен финансиски резултат од 42.045.509 денари, што е за 5,75% повисок во однос на резултатот остварен во истиот период од минатата година.
Вкупните приходи на износ од 1.884.325.221 денари бележат пораст од 0.01% во однос на истиот период лани.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 1.842.279.712 денари и се намалени за 0,11 % во однос на остварените расходи за истиот период во 2013 година.
Консолидираниот биланс на успех, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучува и работењето на формираните друштва за експлоатација на минерални суровини и тоа: Бетон-Проо ДОО Скопје, Бетон- Каменолом ДОО Скопје и Бетон-Рудник ДОО Скопје. Во консолидираниот биланс на успех е искажана добивка во вкупен износ од 40.764.395 денари.