Во стручната јавност доста се зборува за начините на изградба на новите објекти во однос на нивната отпорност на земјотреси, но што е со веќе постоечките згради? Со ова прашање се занимаваат на Универзитетот Бритиш Колумбија во Канада (University of British Columbia –UBC), и успеале да развијат нов вид на бетон. Распрскан на постоечките ѕидови, наводно овозможува да издржи потреси кои вообичано би ги претвориле во рушевини.
Бетонот содржи влакна на база на полимери, познати под името „еколошки еластичен цементен композит„ (eco-friendly ductile cementitious composite – EDCC). Овие елементи на производот му даваат цврстина, и не се разликуваат од челикот, така што под притисок стануваат флексибилни наместо да се распадната како класичниот бетон. Покрај тоа, речиси 70% цементот е заменет со „летечка пепел“ – индустриски нуспродукт главно од централите на јаглен.
Во лабораториските тестови, на ѕидовите од традиционалните бетонски блокови, применет е EDCC со дебелина од 10mm. Потоа, ѕидовите се изложени на симулирани потреси до магнитуда од 9.0 – 9.1 степени, и успеале да се одржат, додека оние кои не биле третирани се срушиле. Првата реална примена на оваа технологија се очекува за неколку месеци кај Основното Училиште „Dr Annie B. Jamieson“ во Ванкувер, Канада.