Додека на некои луѓе, сивата и груба текстура на бетонот им делува многу ладно, тој се повеќе се користи во дизајнот и во уредувањето на ентериери.
За таа цел, ви претставуваме некои примери на ентериери во коишто бетонот се користи за уредување на ентериерите како декоративен елемент. Резултатот се многу шик и урбани ентериери, кои инспирираат и на овој материјал му даваат една сосема поинаква перцепција. Од ентериер, како што е мансарда каде бетонот се вклопува сосема природно, до купатила и детски соби каде што имаме негова комбинација со останатиот декор на ентериерот.