Овие денови луѓето ширум светот бираат украси за новогодишните елки. Се разбира секој во склад со своите можности. Еден хотел во Шпанија ги помести границите и во новогодишната елка вложил 15 милиони долари!
Хотелот со пет ѕвезди Баија во близина на Марбеља во Шпанија, богато го украсил своето лоби воочи новогодишните празници.
Оваа година во центарот на вниманието е елка украсена со дијаманти, сафири, накит од компании како Bvlgari, Cartier, Van Cleef & Arpels и Chanel.
Најекстравангантната елка на светот има и нешто „обично“ на себе – снегулки, самовили. Меѓутоа, материјалите од кои се направени се прилично необични – дијамантска прашина, 24-каратно злато, ноеви јајца.
Исто така тука има и некои украси кои се јадат, како 3Д печатени чоколадни пауни.
Елката ја дизајнирала Деби Вингам, која е позната по вансериски потфати. Изработила кондури на штикла вредни 15 милиони долари и свадбена торта од дури 75 милиони долари.