Навистина е тешко да се победи неверојатниот дизајн на канцелариите на Google, меѓутоа седиштето на Skype Palo Alto слободно може да му конкурира. Седиштето на фирмата во Северна Америка, Калифорнија, е простор кој ги спојува креативноста и функционалноста. Архитектурата и ентериерот на фирмата Blitz е одговорна за создавањето на овој прекрасен простор кој е составен од многу елементи кои прават асоцијација со надворешноста.
На подовите е користена трева, а столчињата го имитираат изгледот на карпа. Канцеларијата исто така одговара на акустичните потреби бидејќи компанијата постојано користи аудио-визуелни алатки во својата работа. Овој простор ја поттикнува креативноста, но не ја исклучува и практичноста, што заедно создаваат беспрекорна работна атмосфера.