Насловна / Ентериери / Беспрекорен ентериер на апартман од 29 м2

Беспрекорен ентериер на апартман од 29 м2

Архитектот Anton Grishin успева во само 29 м2 да создаде комфорен простор во Лондон, користејќи светли и ведри бои со цел визуелно да го зголеми просторот. Дневниот престој зафаќа површина од 11,2 м2, кујната 8,4 м2 и тоалетот 5,6 м2. Останатиот простор го користи како влезен хол и за сместување на плакар.

мал-стан-1

мал-стан-13

Искористен е секој агол од апартманот за да смести одреден дел од функциите, со што би се спречил нередот во рамките на скромниот план.

мал-стан-2

мал-стан-5

мал-стан-4

Во дневниот престој доминираат жолтата и светлосината боја, а просторот дополнително е опремен со уметничка слика во исти нијанси. На спротивната страна е поставена метална библиотека.

мал-стан-6

Трпезаријата дирекно е поврзана со кујнските елементи, со што се заштедува простор. Таа е во бела боја, а како нејзин контраст кујната е изработена од дрво во светли тонови.

мал-стан-3

мал-стан-9

мал-стан-10

мал-стан-8

По целата основа се поставени плакари. Тие се во бела боја, исто како и ѕидовите, и поставени се високо над линијата на окото, со што визуелно се ослободува просторот. Плакарот поставен кај влезот во апартманот е исто така во бела боја и опремен е со лизгачки врати за поголема функционалност.

мал-стан-7

мал-стан-9

мал-стан-12

Третманот на таванот овозможува меко и дифузно осветлување на просторот.

мал-стан-11

мал-стан-14

Испрати коментар

Scroll To Top