Насловна / Вести / Бесплатна летна школа на Енергетската заедница

Бесплатна летна школа на Енергетската заедница

Започна пријавувањето за третата по ред Летна школа на Енергетската заедница, која оваа година ќе се одржи во Сплит од 25-ти август до 1-ви септември 2018. Фокусот ќе биде на транзицијата на енергетскиот сектор, посебно во земјите од Југоисточна и Источна Европа, објави Енергетската заедница како организатор на оваа мултидисциплинарна и интерактивна програма. Школата е бесплатна за 40 избрани постдипломци, истражувачи во сите дисциплини кои се поврзани со енергетиката, млади професионалци од владини институции, компании и невладини организации до 35 години. Околу 30 предавачи, универзитетски професори, стручњаци и претставници на водечки компаии во енергетиката, ќе расправаат за различни аспекти на синџири на снабдување со енергија: економија, техника, политика, право и одржливост. Програмата е конципирана така што ќе им овозможи на учесниците подобро разбирање за комплексноста на енергетиката, да им се пружи платформа за размена на идеи, како и придонес во креирањето на иднината на енергетиката. Рокот за поднесувње пријави трае до 31-ви март.

 

Испрати коментар

Scroll To Top