Државите членки на Европската Унија веќе дадоа поддршка на иницијативата наречена WiFi4EU која подразбира бесплатен пристап на Wi-Fi мрежите во градовите и селата.
Поддршката на иницијативата следеше по три месеци откако претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го претстави планот со кој преку органите на локалната власт во ЕУ, на граѓаните во градовите и селата би се овозможила понуда на бесплатен пристап на Wi-Fi мрежите.