Британскиот автор со индиско потекло Аниш Капур, најлесно може да се опише како скулптор и уметник кој експериментира со различни уметнички техники. Покрај тоа, треба да се истакне дека тој спаѓа во елитниот круг на современи уметници, чии најнови проекти секогаш со нетрпение се очекуваат.
По огромниот успех на неговиот „бескрајно црн вител“ со име Descension на многу светски локации, Капур го претстави во Бруклин, Њујорк.
Всушност, се работи за едноставен правилен отвор поставен над брановита вода (во овој случај се работи за река), кои заедно формираат слика на величествен и страшен вител.
Nicholas Baume кој работел на донесување на проектот на Капур во Њујорк, на оваа тема изјавил: „Аниш Капур сака да нè потсети дека нашите сетила често може да нè измамат. Поставениот објект резонира со промените во нашето разбирање и искуство на светот. Капур повеќе е заинтересиран за она што не го знаеме од она што го знаеме“. Повеќе детали може да се видат од видеото кога овој проект бил изложен во Италија.