Младата Jenny Trieu од Универзитетот во Хјустон го дизајнирала ова прекрасно парче и победи на студентскиот конкурс Wilsonart Challenges. Победата и ја донесе токму оваа столица со наслов Infinite, а пресудни биле модерната структура, смелите бои и одличната имплементација на материјалите.
Илузијата, освен обликот во знакот на бесконечноста, го чинат и комбинацијата на црна и црвена боја со текстура од дрво.
И покрај тоа што изгледа како да е направена од полно дрво, изработена е од иверица обложена со специјален ламинат кој бил зададен како задолжителен материјал на конкурсот. Уште еден доказ дека иновацијата е бескрајна!