Полскиот дизајнер Адам Калиновски ја дизајнираше склуптурата „Бесконечна градина“ како дел од програмата за визуелни уметности „Europian Capital of Culture“ во Вроцлав, Полска.
Инсталацијата преставува пример за зелена склуптура која е изработена од комбинација на челик и дрво и на неа се поставени различни зелени растенија.
Гледано во план, самиот дизајн на градината го претставува симболот на бесконечност и им овозможува на посетителите пристап во внатрешноста. Целата инсталација зафаќа површина од 110 м2, додека растенијата се поставени на седум ката.