Турскиот уметник Refik Anadol, кој живее и работи во Лос Анџелес, ја изложи својата инсталација наречена „Infinity“ (Бесконечност) во центарот за уметности во Истанбул, Zorlu Center, која може да се погледне до 1 ноември како дел од 14. Биенале во Истанбул.
Инсталацијата претставува дел од аудио-визуелното истражување чијашто цел е да го трансформира просторот во нефизички свет каде што перцепцијата за истиот се меша со реалноста. Овој радикален напор за создавање на илузионистички простор, всушност се однесува на трансформирање на конвенционалните кино проекции во тродимензионален простор.