Компанијата Bernard Tschumi Architects е избрана за проектант на еден од најголемите универзитетски комплекси во Франција, проект вреден 238 милиони евра (проектирање и изведба). Се работи за state-of-the-art образовен и истражувачки центар на Université Paris-Sud во Saclay, јужно од центарот на Париз. Кампусот под името METRO Center ќе се состои од оддели за биологија, фармација и хемија, сместени во шест згради поврзани со мостови, со најсовремени лаборатории, но и ресторани и други содржини потребни за студентите. Компанијата е победник на конкурост на кој учествувале многу реомирани архитектонски фирми меќу кои и Herzog & De Meuron и MVRDV. Победничкото решение нуди извонреден спој помеѓу просторот за едукација и наука, и социјалниот простор. Ќе се применуваат најсовремените стандарди во поглед на енергетската ефикасност, користење на максимална природна светлина и сл. Секој од шесте објекти има свои специфики согласно истражувачкото подрачје. Вкупно, комплексот има 88.000 квадратни метри наменети за 3300 студенти и 1300 вработени. Новиот кампус ќе го етаблира Université Paris-Sud како најголем образовен и научен комплекс во Франција. Проектот ќе биде комплетно завршен во 2022 година. Предвидени се 12 месеци за проектната документација и 36 месеци за изведба.
Насловна / Архитектура / Bernard Tschumi Architects: Нов универзитетски и истражувачки комплекс во Париз