Берлинската катедрала е дом на околу 30 илјади пчели. Во подножјето на куполата на необарокната знаменитост се наоѓа кошница од која пчеларот Уве Март извлекува саќе. Медот од кошниците се продава во продавницата што се наоѓа во катедралата.
Станува збор за иницијативата „Берлин зуи“ која во 2010 година ја има почнато биологот Корина Хелцер. Таа сакала да го сврти вниманието на непријатностите што ги имаат пчелите и другите инсекти со правење на нивни колонии на впечатливи места.
“Преку пчелите може да се објасни се друго. Без опрашување нема здрав екосистем“, вели Хелцер.
Бројот на пчели и на другите опрашувачи повеќе од 10 години е во пад, а стручњаците сметаат дека причина за тоа се повеќе фактори како инсектицидите, паразитите, болести, климатски промени и неедостаток на разновидна исхрана.
Активисти на „Берлин зуи“ и „Германија зуи“ имаат направено кошници и „пчелни хотели“ на неколку места во Берлин како што се градскиот театар, планетариумот, министерството за финансии.
Иницијативата е активна во 25 германски градови.