Насловна / Вести / Берлин воведува обврска за соларни панели на сите нови згради од 2023 година

Берлин воведува обврска за соларни панели на сите нови згради од 2023 година

Берлин ја воведуa обврската за поставување на фотоволтаични или соларни термални системи на покривите на новозиградените згради, како и на постоечките згради при реновирањето на покривите. Ова би требало да му помогне на градот да постигне удел од 25% на соларната енергија во финалната потрошувачка до 2050 година. Оваа обврска ќе важи од 1-ви јануари 2023 година. Сенаторот за стопанство и енергетика на Берлин, вели дека соларната енергија има клучна улога на патот на Берлин кон климатската неутралност и додава дека со овој свој потег Берлин дава пример на другите делови на земјата. Исклучок од оваа обврска ќе биде направен за покривите ориентирани кон север, како и во случаите кога поставувањето на пaнелите е технички неизводливо.

Германскиот дневен весник Tagesspiegel потсетува дека од минатата година во Берлин се одобруваат субвенции на физички лица, компании и непрофитни организации за поставување на батерии за складиштење на соларна енергија во износ со 15.300 евра.

Со цел поддршка на Европската унија во остварувањето на климатска неутралност до 2050 година, Европскиот парламент минатата година усвои извештај со кој се повикува на стартување на поддршка во поставувањето на соларни постројки на покривите ширум ЕУ.

berlinsolar1

berlinsolar2

Испрати коментар

Scroll To Top