Насловна / Вести / Берлин против отуѓувањето на децата од природата знае да се бори

Берлин против отуѓувањето на децата од природата знае да се бори

Научниците одамна апелираат дека за развитокот на детската личност многу е важен редовен контакт со природата. Слободната игра во природа ја развива моториката, вештината на проценување ризик и инстиктивно разбирање како на светот на природата, така и на општественото однесување.

1
Меѓутоа децата кои растат во градови имаат многу малку прилики за таква игра. Природата во градовите сведена е на култивирани игралишта, а и оние џебови на преостаната „дивина“ брзо се претвораат во исплатливи парцели за градење кои носат профит на градските буџети.

2
Додека кај нас се предвидуваат тематски паркови со скапи реквизити во срцето на единствениот Градски парк, Берлин докажува дека против отуѓувањето на децата од природата може да се бориме. Во четврта Спандау, неодамна е отворен првиот од трите планирани паркови на природата за деца. паркови во кои децата можат да го прават се она што некогаш се подразбирало дека децата го прават – да се качуваат на дрвја, кријат во грмушки и скокаат во кал.

3
Наместо скапи реквизити и специјални подлоги за игралишта, во овој парк децата ги чекаат реквизити кои ги создала природата, што воопшто не значи дека најмладите не се забавуваат добро.

4
Проектот за реализирање на ваков тип паркови во градските четврти, внимателно го следат научниците, за да може искуствата на Берлин да се применат во други градови ширум Германија.

5

6
Извор: www.detinjarije.com

Испрати коментар

Scroll To Top