Германската Влада подлегна на притисоците, и во конечната верзија на планот за климатските промени назначи пониски од првично утврдените квантифицирани обврски за намалување на CO2 за индустријата.
Владата ја повикува германската индустрија, да ги намали своите емисии на јаглерод диоксид до 2030 година за 20% во однос на 2014 година, наместо претходно зацртаните 30%.
Документот, исто така, содржи и план за оддалечување на најголемата европска економија од фосилните горива, односно намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 95% до 2050 година. Тие цели се во согласност со обврските договорени на самитот во Париз во 2015 година. Од друга страна пак, лидерот на партијата на „Зелените“ Антон Хофрајтер, истакнува дека ова намалување на првично зацртаните цели, Германија која некогаш беше водечка земја во заштитата на животната средина, веќе скршнува од тој курс.