Насловна / Вести / Берлин планира да тестира магнетно – левитациски (маглев) воз

Берлин планира да тестира магнетно – левитациски (маглев) воз

Град Берлин планира да тестира магнетно – левитациски (маглев) воз на рута долга пет километри. Се очекува овој вид на превоз да биде поефтин, а изградбата на пругата да трае пократко споредено со изградба на нова линија на подземната железница. Исто така, важно е да се спомене дека овој воз ќе сообраќа без возач. изградбата на пробната пруга ќе чини помеѓу 80 и 85 милиони евра, а ќе се фнсира од посебен фонд за проекти кои ги ублажуваат климатските промени.

maglev1

Западен Берлин во периодот од 1984 до 1991 година имал кратка линија за мангентни возови M-Bahn, како пилот проект во почетна фаза, која кратко време била вклучена и во редовен сообраќај. Но, по обединувањето на Германија овој проект се напушта.

maglev2

Испрати коментар

Scroll To Top