Насловна / Вести / „Београдске електране“ градат тригенерциска постројка

„Београдске електране“ градат тригенерциска постројка

Јавното – комунално претпријатие „Београдске електране“, планира изградба на тригенерациска постројка која со енергија ќе ги снабдува објектите во склоп на Просторниот план на подрачјето за посебна намена (ППППН) „Националнен фудбалски стадион“. Овој просторен план опфаќа изградба на нов спорстки објект и комплексот Expo 2027, на површина од 167 хектари во белградската општина Сурчин.

exposr1

„Београдске електране“ објавија јавен повик за изработка на проектно техничка документација за изградба на тригенерациска постројка на подрачјето на ППППН „Националенн фудбалски стадион“. Предмет на проектот е изградба на комплексот „Сурчинско поле – когенерациска/тригенерациска постројка за производство на топлиснка и ладилна енергија, базирана на природен гас како основен енергент“, се вели во огласот з ајавна набавка. Потребната топлиснка енергија е 15 MW за греење и  1.1 MW за подготовка на санитарна топла вода, додека потребната енергија за ладење е 30 MW. За производство на енергија во овој комплекс предвидени се  следните објекти: постројка за производство на топлиснка енергија (котларница со когенеративна постројка), постројка за производство на енергија за ладење (ладилна машина), пратечки објекти и инфраструктура во објектот, како и развод на цевководи.

exposr2

Производството на топлинска и ладилна енергија предвидена на оваа локација, првенствено треба да ги задоволи потребите на комплексот за Expo 2027, но и да обезбеди услови за идна фазна доградба на производни капацитети за снабдување на нови потрошувачи. Во секоја од варијантите предвидени се резервоари за акумулирање на топлинска и ладилна енергија. Рокот за поднесување на понуди е 3-ти август. Тригенерациските постројки с ереткост во регионот, а ова е веќе втора во Србија. Првата е пуштена во погон на почетокот на 2022 година на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

 

Испрати коментар

Scroll To Top