Италијанските бензиски пумпи започнаа покрај цените на сопствените производи, да ги прикажуваат и регионалните и просечните цени, во согласност со одлуката на владата чија цел е зголемување на траспарентноста на цените на горивата. Тој чекор следи откако во март е донесена т.н „Уредба за транспарентноста“.
Ресорното министерство отсега на дневна, а не на месечна основа ќе ги следи цените на горивата и ќе ги објавува на своите страници. На тој начин, секој потрошувач ќе може да провери дали плаќа надпросечна цена на производите. Според новите правила, бензинските пумпи на автопатиштата ќе мора да ги покажуваат и просечните цени на национално ниво, додека останатите е доволно да го покажуваат само регионалниот просек. Растот на цените на горивата е тема во Италија веќе некое време, а наглиот пораст е забележен во последните две седмици. Во некои региони, цената на бензинот надминува 2 евра по литар.