Насловна / Арт и дизајн / „Белото злато“ на Полска: Приказната зад најголемиот светски проект на адаптирана пренамена

„Белото злато“ на Полска: Приказната зад најголемиот светски проект на адаптирана пренамена

Полска има различни природни и културни богатства. Нејзините градови рефлектираат спектар од стилови – почнувајќи од римска архитектура, па до готика и постмодернизам. Земјата има 17 локалитети под заштита на УНЕСКО. Еден од нив е посебно впечатлив. На периферијата на Краков, се наоѓа еден од најголемите и најстари рачно експлоатирани рудници во светот, кој е трансформиран во скап и атрактивен комплекс. Од природен центар за лекување до црква и подземна платформа за банџи скокови, сето тоа може да се најде во колосалниот проект за пренамена на рудникот за сол „Вјеличка“ (Wieliczka Salt Mine).

vijelicka1

vielicka2

Познат како „едно од седумте чуда на Полска“,„Вјеличка“ датира од средината на неолитот. Архелозите откриле предисториски работи на откопување сол. Многу подоцна, солта станала вредно национално богатство, па во тринаесеттиот век „Вјеличка“е познат како најголем производител на сол во Полска. Многу работа, но и креативност се потрошени во овој рудник. До крајот на петнаесеттиот век експлоатацијата се вршела на 64 метри под земјата, што денес е означено како ниво -1. До седумнаесеттиот век, ископувањето веќе се одвивало на три нивоа. Подоцна, нови методи, опрема но и туристи стигнуваат во рудникот, заедно со посетители од висок ранг кои приднеле за грандиозноста на овој комплекс се до дваесеттиот век.

vielicka3

vielicka4

vielicka6

После втората Светска војна, производството во овој рудник го достигнува својот максимум. Иако обезбедувал сериозен профит, главниот фокус на властите бил да го зачуваат локалитетот за идните генерации. Оваа идеја била одлична, но било многу тешко да се реализира. Веќе во 1964 година, ниво-9  на длабочина од 327 метри престанало да се експлоатира. Во 1978 година, УНЕСКО го става локалитетот на својата листа на културно наследство, а во 1996 година одлучено е трајно да се запре со индустриското производство на сол од овој рудник. Бидејќи веќе не се произведува сол, ходниците на овој рудник се трансформирани во прекрасни сали и знаменитости. Рударите денес не работат на ископување сол, туку на заштита на ова наследство и негова презентација пред многубројните туристи. Посетителите имаат увид во само 2% од она што некогаш бил овој рудник.

vielicka5

vielicka7

vielicka8

Една од најинтересните понуди е здравствениот туризам. Пациентите со хронични болести на респираторните органи можат да профитираат од посебната микроклима. Во 2020 година, пост ковид пациенти го посетувале локалитетот.  Многубројни банкет сали, кристални украси, скулптури и лавиринти биле изработувани од страна на рударите со векови наназад. Денес тоа вековно мајсторство е распослано пред посетителите на ова необично место.

Underground corridor in the Wieliczka Salt Mine, Poland.

Испрати коментар

Scroll To Top