Насловна / Архитектура / Белградските Блок 23 и Церак дел од сталната поставка на МоМА

Белградските Блок 23 и Церак дел од сталната поставка на МоМА

Новобелградскиот Блок 23 и населбата „Церак виногради“ во Белград се дел на сталната колекција на Музејот на модерна уметност – МоМА во Њујорк. По изложбата „Toward a Concrete Utopia – Architecture in Yugoslavia 1948 -1980“ во њујоршкиот музеј, одбрани се проекти од Србија за негова стална поставка.

bl23

Блок 23

ц2

населбата Церак

„Церак виногради“, дело на архитектите Миленија и Дарко Марушиќ и Недељко Боровница, проект кој е започнат во 1977. година, нашле свое место во МоМА, како единствени објекти кои не ја загрозиле природата.
Објектите го привлекле вниманието на меѓународната публика и се сместени во самиот врв на светската архитектонска продукција.

ц1

населбата Церак

„Кога се запишавме на факултет првата лекција беше дека архитектурата е тројство на уметност, наука и техника. Самиот „Церак виногради“ како проект, не може да се каже дека е проект, пред се може да се каже дека е потфат, поради тоа што тие, скоро десет години на реализација на тогаш приградската населба и едно градче со се што му е неопходно, значи потфат по тоа како е програмиран“, објаснува архитект Миленија Марушиќ.
Блок 23 е изграден 1974. година, по проект на архитектите Александар Стјепановиќ, Божидар Јанковиќ и Бранислав Караџиќ. Денес цртежи, макети и каталози од овој блок се наоѓаат во светски музеј.

b231

Блок 23

„Овие две населби беа во рамки на изложбата која ја нарековме секојдневен живот и фокусот беше насочен на станбена архитектура. Болок 23 и „Церак виногради“ се врвот на архитектурата на домувањето и тоа е нешто што во нашата струка се препознава како белградска школа на домување“, истакнува кустосот Јелица Јовановиќ.

b23

основа на стан – Блок 23

Фактот дека Болок 23 и и населбата Церак ќе бидат дел од сталната поставка на МоМА во Њујорк, дава потврда на вредноста на архитектурата од регионот и ја става во историја на архитектурата на целиот свет.

Испрати коментар

Scroll To Top