Италијанскиот фотограф, Roberto Conte, специјализиран за архитектура и дизајн, пролетта 2015 година прв пат го посетил Белград и се воодушевил од бруталистичката архитектура. Тогаш настанува неговата серија фотографии „Modernist Majesty in Belgrade“. Она што италијанскиот фотограф особено го заинтересирало се гигантските димензии на овие објекти.
Зграда на Генекс (Западна капија), Михајло Митровиќ (1980)
„Вертикалноста дефинитивно е една од најчестите карактеристики на белградската бруталистичка архитектура. Висината на овие згради, всушност, нагласува и на јасен начин ги дефинира како урбани знаменитости и препознатливи ориентири во просторот“, вели Conte и додава „мило ми е да видам дека овие згради имале јасно дефинирана намена, покрај својот помалку експериментален изглед“.
Во таа смисла, тој особено ја издвојува зградата на Генекс, односно „Западна капија“ на градот, видлива штом се приближувате на градот од аеродром, а интересни му се и објектите вон границите на Белград како кулата на Авала.
Кула на Авала, У. Богдановиќ, С. Јањиќ и М. Крстиќ (изградена 1965,
а реконструирана 2010. по последиците на НАТО бомбардирањето)
„Додека летаме над Белград ќе видиме неколку архителтонски елементи во рамки на неговиот урбан хоризонт, а интересно е дека поголем дел од елементите се користини за станбени цели. Овие згради се планирани за град кој во тоа време значително се зголемувал во држава која се обидувала да изнајде независен пат кон социјализмот. Се работи за структури со сиров и рамен дизајн, без никакво украсување“, објаснува Conte. Тој додава дека особено му било мило што видел дека овие згради имале јасно дефинирана намена.
Електрична централа, Александар Ѓокиќ (1979)
Источни капии, „Рудо“, Вера Ќирковиќ и Милутин Јеротијевиќ (1976)
Станбена зграда на Вождовац, Стана и Бранко Алексиќ (1969-1973)
Блок 23 на Нов Белград (1974)
Блокови (61 – 64) на Нов Белград, Дарко и Миленија Марушиќ и Милан Миодраговиќ (1973)
Институт за архитектура и урбанизам, Б. Јовин(1967-1970)
Спортски центар „25. мај“, Иван Антиќ (1973)
Зграда ВМА (Војномедицинска академија), J.Осојник и С. Николоќ (1973-1981)