Насловна / Вести / Белградскиот аеродром добива нова кула, меѓу највисоките во Европа

Белградскиот аеродром добива нова кула, меѓу највисоките во Европа

nova-kontrolna-kula-aerodrom-belgrad

Колегиумот на контролата на летање на Србија и Црна Гора (SMATSA) усвои детален план за изградба на нова Контролна кула на белградскиот аеродром Никола Тесла, која ќе биде висока 75 метри и ќе биде највисока во овој дел од Европа, но и меѓу десетте највисоки на светот.

Kontrolna kula aerodrom Belgrad

Изградбата  ќе започне во 2018 година, откако ќе биде комплетирана целокупната проектна документација, и ќе трае една година. Со изградбата на новата кула, SMATSA оди во чекор со плановите на Владата на Србија за давање на аеродромот Никола Тесла под концесија, односно овозможување на реализација на плановите на идниот концесионер за раст на сообраќајот преку овој аеродром кој има особено значење на целиот регион.

AErodrom Belgrad

Постоечката кула е изградена во 1962 година кога сообраќајот преку овој аеродром се сведувал на 300 летови годишно. Денес , на Никола Тесла оваа бројка се надминува на дневна основа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top