Графитите се составен дел на урбаното живеење. Графитите во градовите се изложени на погледите, временските прилики и емоциите, а тоа ги прави минливи. Уличната уметност на белградските графити содржана е во книгата „Street Art Belgrade” на авторот Александар Ѓорѓевиќ. „Street Art Belgrade” низ 500 фотографии ги претставува најзначајните графити во Белград, сакајќи на тој начин и да ги сочува од заборав. Во книгата има и цитати на некои од најактивните и најприсутните цртачи и улични уметници на белградската сцена: Artez, Junk, Rage, TKV, Lortek и Никола (Alone).