Насловна / Архитектура / Белградската интернационална недела на архитектура – БИНА од 11. мај до 16. јуни

Белградската интернационална недела на архитектура – БИНА од 11. мај до 16. јуни

Овогодинешното 18. издание на Белградската интернационална недела на архитектура – БИНА ќе се одржи од 11. мај до 16. јуни, во организација на Друштвото на архитекти на Белград и Културниот центар на Белград.

Програмата „Бина пред Бина“ почнува на 6. мај во Ликовната галерија под име „Жени во архитектурата“ и ќе се реализира во соработка со Комитетот за архитектура на Градот Виена и здружението Женско архитектонско друштво – ЖАД.

bina

Идејата на програмата е презентација на досегашната работа, како и меѓусебна размена и соработка во однос на идните активности на промоција на регионалното творештво на жените архитекти.

Творештвото на Братислав Тошковиќ на отворањето

Манифестацијата на 11. мај во Ликовната галерија на Културниот центар на Белград ќе ја отвоти изложбата „Далечина што поврзува“ посветена на делото на архитектот Братислав Тошковиќ, кој со публиката ќе ги сподели своите достигнувања за кои ја доби Големата награда за архитектура за животно дело за 2021 година од Здружението на архитекти на Србија.

б4

„Широк спектар на различни проекти по намена – комерцијални, здравствени, производствени, деловни, од објекти со големи квадратури до мала електрична станица, ја поврзува доследноста на Тошковиќ во истрајноста на највисоките критериуми, докажувајќи во континуитет врвни архитектонски и градителски резултати“, се вели во поканата.

Во изложбената програма ќе бидат отворени уште пет изложби. „To Dwell/BEST – Јужен Тирол/Белград“ во Галеријата ФЛУ ќе ги претстави архитектонските средби на тројца архитекти од Белград и тројца од Јужен Тирол, кои припаѓаат на различни генерации.

На оваа изложба ќе учествуваат Александар Стјепановиќ, АКВС архитекти, Othmar Barth, Martin Gruber, NAEMAS Architekturkonzepte и САРДО архитекти од Белград.

sss

Шпанската архитектура на 21 век ќе биде тема на една од изложбите; Фото: Рикардо Сантоња

Изложбата „Архитектурата во Шпанија во 21 век: процутот на архитектурата низ визијата на Рикардо Сантоња“ во Институтот Сервантес ќе ги претстави фотографиите од овој автор со фокус на делата на реномирани шпански архитекти од 21 век.

Воени споменици на Југославија во Кнез Михаилова

Изложба на отворено „Архитектура. Скулптура. Сеќавања – Уметноста на спомениците на Југославија 1941-1945 година“. (Боштјан Бугарчиќ, Маја Иванич, Шпела Кухар, Јелица Јовановиќ – Do.co.mo.mo Србија) ќе биде претставен во улицата Кнез Михаилова.

би

Спомен-парк Бубањ

Во рамки на изложбената програма ќе се одржи сега веќе традиционалната изложба „Донеси свој проект“ на која се претставуваат млади автори на почетокот на своите кариери, а овојпат тоа е младото студио за архитектура и ентериер основано од Ива Бекиќ и Марија Благојевиќ. – Space Love Studio.

„Со станбената архитектура во фокус, се водиме од идејата дека станот е место кое треба да зрачи со духот на оној кој живее во него, а архитектот е некој кој има способност да ги приспособи можностите на потребите на корисник“, велат младите авторки за својата архитектура.

Изложбата „Награда Piranesi“ е ревија на поновата архитектура од регионот, која во последните години вклучува и голем број од најдобрите студентски проекти.

Соработката на БИНА и интернационалната платформа LINA ќе биде претставена преку програмата „Урбани митологии“ инспирирана од Атина, документарниот филм „Public housing: Belgrade Mode“ и претставување на колективот Space for Future.

Ревитализација на Церак и Кампусот НЦР

cer

Церак

Посебен сегмент од програмата е ДОБАР УРБАН ЖИВОТ 3/ GOOD URBAN LIFE 3, кој оваа година се одржува во Крагуевац во соработка со Филолошко – уметничкиот факултет ФИЛУМ од Крагуевац и Архитектонскиот факултет од Белград.

„По првично успешно одржаната тркалезна маса и минатогодишното излегување на улица, оваа година заедно работиме на функциите на регионалниот идентитет, на подготовка на материјали за изработка на Стратегијата за развој на урбаното подрачје Крагуевац“, велат организаторите.

Во рамки на програмата на предавања ќе се одржи „Ревитализација на модернистичките населби – случајот Церак“, на која ќе учествуваат Снежана Ристиќ, Наташа Ѓуриќ (ЖАД), Јасмина Ѓокиќ (Нова практика на планирање), Миленија Марушиќ и невладината организација Културен Церак.

Семинарот за деловниот објект Кампус НЦР во блок 42 на Нов Белград кој го проектирал Владимир Лојаница, насловен Архитекти/проектанти/практичари – е серија предавања за професионалци посветени на усовршувањето и унапредувањето на знаењето во поврзување на архитектурата и најновите техничко-технолошки и иновативни производи и материјали на реномирани компании.

Најавени се и предавања на бироа на млади архитекти Space Love Studio и на Братислав Тошковиќ, како и предавање на Do.co.mo.mo Србија по повод изложбата „Архитектура. Скулптура. Сеќавања“.

би2

Михаило Митровиќ

БИНА прошетки и патување до Ваљево

Како и секоја година, прошетките на БИНА се важен дел од програмата: во план е следење на трагата на архитектурата на Богдан Богдановиќ, Алексеј Бркиќ и Михаило Митровиќ, обиколка на Француската амбасада, Споменикот на благодарноста на Франција и Заводот за заштитата на спомениците на културата, како и традиционалната прошетка низ Еврејските гробишта.

Излетниците љубители на архитектурата оваа година, по Нови Сад, Зрењанин, Панчево, Крагуевац и Шабац, БИНА ги носи во Ваљево.

б3

Споменикот на благодарноста на Франција, Иван Мештровиќ, Калемегдан, Белград

Испрати коментар

Scroll To Top