Насловна / Вести / Belgrade Kitchen Party – атмосфера на домашни забави

Belgrade Kitchen Party – атмосфера на домашни забави

Во Белград е отворен Belgrade Kitchen Party – нов концепт на ресторан според проект и идеја на бирото Remorker Architects.

Просторот има 130 квадратни метри и може да прими 40 лица како класичен ресторан или до 80 лица доколку се користи за журки. Дизајнот на просторот е од една страна груб и индустриски, а од друга елегантен и минималистички, во сиви тонови со понекои дрвени површини.

1_resize

7_resize

Belgrade Kitchen Party е проектиран со тенденција главниот акцент да го даде на организацијата и естетиката на шарената храна и настаните во кујната.

Централното место во просторот го заземаат работните површини кои се достапни за сите гости за да на нив, заедно со куварите, ги измастат прстите и да го почувствуваат задоволството на добрата забава.

Белградските куќни журки се познати по тоа што најдобриот провод е секогаш во кујна, па авторите сакале овој концепт да го пренесат и во овој комерцијален угостителски простор.

4_resize

Индустриски дизајн блиску до луксуз

Седењето е организирано околу шанковите, кои во исто време претставуваат подлога за ручавање и работната површина за подготовка на храната.

Работните површини се големи, изработени од керамика со структура на сив мермер, со што индустрискиот дизајн се приближува до луксузот.

2_resize

8_resize

Централниот остров со уреди вградени во челичната конструкција обложена со метални газишта и голема хауба се главниот фокус на просторот – сцената. Овој тежок индустриски елемент се раствора од мирисите и вкусовите на јадењата што се крчкаат врз него.

Како и зад секоја сцена, така и зад кујната има монументален ѕид обложен со фасадни плочи на кои се наоѓа контрашанк. Ѕидот воедно ги крие и сервисните простории и тоалетот.

5_resize

Дневна соба од стари белградски станови

На едниот крај од просторот има зона за одмор со клавир, кој пружа атмосферата на дневна соба на старите белградски станови, додека на другиот крај има трпезарија со масивни дрвени трпезариски маси.

Масите примаат 20 луѓе и потсетуваат на собирите во градските станови за време на прослава на слави.

6_resize

Осветлувањето е слично на осветлувањето на сцената со насочени снопови на светлина кон работните површини, кои ги истакнуваат главните настани со чадење.

Тешките плишани завеси на фасадните ѕидови помагаат на сценското, луксузното и интимното искуство.

3_resize

Желбата на архитектите била гостите да се воведат во срцето на професионалната кујна, во фреквентен простор кој често е достапен само за персоналот, место каде што се чуваат тајни непознати за домашните рингли и рерни. Место каде што секако може да се забавувате, добро да јадете, да научите нешто, но она што е најважно – да си играте.

10_resize

9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top