Насловна / Вести / Белград започнува со изработка на стрaтeгија за зелена инфраструктура

Белград започнува со изработка на стрaтeгија за зелена инфраструктура

Град Белград започнува со изработка на Стратегија за зелена инфраструктура, а на овој проект ќе работат стручњаци од Шумарскиот факултет во Белград.

Според правилата на Европската комисија, зелената инфраструктура е стратешки планирана мрежа на природни и до природата блиски подрачја, која е проектирана и одржувана на таков начин што овозможува функционирање на широк спектар на сервиси на екосистемите. Имајќи во предвид дека зелената инфраструктура добива се поголемо значење, посебно од аспект на адаптација на климатските промени, намалување на аерозагадувањето, зачувување на биодиверзитетот и унапредување на квалитетот на живот во градовите, јасно е дека на ова апроблематика треба да се пристапи стратешки, интелигентно и мултидисциплинарно.

zelenainfra1

Токму затоа, оваа Стрaтагија е планирано да ги согледа сите аспекти на просторните, еколошките и институционални елементи на зелената инфраструктура и нивното вреднување преку призмата на екосистемите, со цел да се обезбеди нивна заштита и унапредување низ планирање, проектирање, изградба и одржување. Стратегијата ќе биде базирана на постоечките стратешки и плански документи и релевантни проекти од оваа област. Како составен дел ќе биде изработен и акциски план, кој ќе содржи мерки и активности за постигнување на целите на стратегијата. Со цел постигнување на објективност и транспарентност во процесот на изработка на овој документ, се планира формирање на работна група која ќе биде составенa од претставници на Град Белград, стопанството, стручната и научната јавност, претставници нa невладиниот сектор, како и други заинтересирани страни.

zelenainfra2

Испрати коментар

Scroll To Top