Насловна / Вести / Белград: Проекција на филмот “Сино срце“ и дебата на тема „Заштита на реките на Балканот“

Белград: Проекција на филмот “Сино срце“ и дебата на тема „Заштита на реките на Балканот“

blue heart1

Во Белградскиот Центар за културна деконтаминација, вчера беше емитуван документарниот филм „Сино срце“ (Blue Heart), и беше одржана дебата на темата на неодржливата експлоатација на хидроенергијата на Балканот, со преставниците од граѓанското општество Bankwatch, Riverwatch, и други. Вечетра беше посветена на анализа на улогата на банките во финансирањето н илјадници хидро постројки ширум Балканот, како и за влијанието на овие инвестиции врз луѓето и природата.

На настанот говореа Ulrich Eichelmann (Riverwatch), Mihela Hladin Wolfe (Patagonia), Igor Vejnović (CEE Bankwatch Network) и други. Документарецот Blue Heart  во траење од 40 минути ги претставува убавините на Балканските реки и борбата против вистинското цунами од хидро постројки.

Со цел заштита на реките на Балканот и спречување на изградба на неколку илјади мали хидроцентрали, пред неколку години стартуваше кампањата „Да го спасиме синото срце на Европа“  (Save the Blue Heart of Europe).

blueheart2

Испрати коментар

Scroll To Top