Жителите на главниот град на Србија наскоро ќе можат да се возат со електрични автобуси. Првите електрични автобуси ќе бидат набавени како дел од замената на возниот парк на Белградскиот јавен превоз, односно се работи за обнова на педесетина автобуси, јави 24sata.
„Ова ќе придонесе кон поголема удобност за патниците и намалување на емисијата на штетни гасови од автобусите, бидејќи овие автобуси воопшто не ја загадуваат животната средина“, вели Синиша Мали, градоначалник на Белград.
До крајот на реализација на овој проект за модернизација на јавниот превоз вкупно се предвидуваат 350 нови автобуси и тролејбуси.