Насловна / Вести / Белград набави 100 нови автобуси на гас – на улиците на крајот на ноември

Белград набави 100 нови автобуси на гас – на улиците на крајот на ноември

Град Белград, набавил 100 нови автобуси на гас, кои на градските улици ќе се најдат во втората половина на ноември. Станува збор за модерни автобуси, кои се зглобни и имаат голем капацитет. Претходно во февруари и март годинава, биле набавени 25 автобуси на компримиран гас, а планот е во наредните 5 до 6 години да се замени целата флота со еколошки прифатливи возила. Со последната набавка, веќе се исфрлаат од употреба возилата со мотори со „еуро 2“ стандард, а целта е да се исклучат од улиците и оние со „еуро3“ и „еуро4“.

beogradgas

Испрати коментар

Scroll To Top